Ниски камати за кредити во Комерцијална банка

Објавено на 1 јули, 2014 во 13:29

Почнувајќи од денеска, Комерцијална банка Скопје обезбедува станбен и потрошувачки кредит со најповолни услови на пазарот.

Станбениот кредит е со каматна стапка од 4,85 отсто годишна, фиксна за првите 5 години и 6,65 отсто годишна променлива каматна стапка за остатокот на периодот за отплата на кредит со евро клаузула.

Потрошувачкиот кредит е со 6 отсто годишна фиксна каматна стапка за првата година и 7,65 отсто годишна променлива за остатокот на периодот на отплата за кредитот до 10.000 евра со евро клаузула.

Банката продолжува и со промотивниот период за одобрување и администрирање без надомест на сите новоодобрени потрошувачки и станбени кредити со ЕУР клаузула до 31.12.2014 година.

За одобрен потрошувачки кредит наменет за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити во Банката, како и за одобрен станбен кредит наменет за рефинансирање на постоечки  станбен кредит во Банката ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.