На повидок трговска војна : Брашното ќе ги скара Србија и Македонија

Објавено на 21 октомври, 2015 во 08:51

Србија ќе воведе контра мерки, доколку Македонија не престане да го кочи увозот на српско брашно, изјави за српската агенција Бета, заменик министерката за трговија на Србија, Бојана Тодоровиќ. Таа тврди дека проблемите со извозот на брашно од Србија во Македонија почнале во јули и во континуитет траат до денес, пишува Фактор.

-Откако во втората половина на август во Македонија прекина издавањето на маркици за брашно, бидејќи се чекало да заврши тендерот, минатиот месец кога заврши тендерот почна издавањето на маркиците, повторно има опструкција од македонска страна, бидејќи маркиците се издаваат во двојно помала количина.Минатата недела побаравме итен одговор од македонското министерство за земјоделство во врска со проблемите за увоз на брашно од Србија, и во најкраток рок ќе побараме билатерални консултации во согласност со процедурите предвидени со ЦЕФТА. Ако овие чекори не доведат до решенија, Србија има можност да воведе контра мерки. Овој проблем континуирано се посочува во рамките на ЦЕФТА, водени се билатерални консултации неколку пати, а Србија и преку заедничкиот Комитет на ЦЕФТА, како врховен орган,иницираше механизми за решавање на спорот, и успеа во тоа,што во 2013-та година резултираше со укинување на недозволените мерки од страна на Македонија, изјави Тодоровиќ.

Од македонска страна, ваквите информации министерството за земјоделство, шумарство и водостапнство ги негира.Оттаму велат дека проблем со издавањето на контролните маркици имало пред два месеци, но сега откако завшри тендерот и се најде фирма , маркиците се печатат редовно и се издаваат.

– Точно е дека малку доцнеше тендерот за избор на фирма за печатење на контролните маркици. Но тендерот заврши во септември, се избра фирмата, маркиците печатат и состојбата е нормализирана, односно нема застој во издавањето на маркиците, велат од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од македонската мелничарска индустрија потврдуваат дека имало застој со издавањето на контролните маркици и со тој проблем и тие се соочиле, но дека сега издвањето на маркиците е нормализирано. Застој во издвањето на маркици имаше речиси четири месеци,а без нив овој производ не може да се продава во маркетите. Дел од маркетите во земјава тогаш се соочија и со недостиг на брашно.

-Додека се чекаше тендерот за избор на фирма за печатење маркици и ние се соочивме со проблем при издвањето и тогаш региравме до ресорното министерство, се соочивме со залихи од брашно бидејќи без контролни маркици не може да го продаваме. Но сега тој проблем е надминат и контролните маркици се издават и нема застој. Тоа што реагираат мелничарите од Србија не не чуди бидејќи не им е прв пат, и сметаме дека реакцијата им е неоснована, вели Ѓорѓиев, од “Мак-Млин”.

Минатата недела српското здружение Житовојводина од Нови Сад предупреди дека се продолжува опструкцијата за извоз на брашно во Македонија и предложи воведување на мерки на реципроцитет на увоз на одредени земјоделски и прехранбени производи од Македонија. Во дописот до српското Министерството за трговија,туризам и телекомуникации, Житовојводина побара тие реципрочни мерки да бидат воведени веднаш и тоа на сличен,неформален начин,како што Македонија го сторила тоа со увозот на брашно од овогодишното производство на Србија. Здружението Житовојводина посочи дека таквиот однос на македонско министерство за земјоделство е спротивно на начелата за слободна трговија,предвидени во Цефта договорот чии потписници се Србија и Македонија.

Текстот во целост прочитај го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.