Политиката ја кочи и економијата: Се топи оптимизмот за економски раст
Врз економскиот раст повеќе од очигледно, негативно влијае политичката криза чие одвивање засега е неизвесно. Проекциите кои Народната банка и гувернерот Богов ги проценија на 4,1 процент економски раст за годинава засега се песимистички. Гувернерот Богов информираше дека најверојатно априлските проекции за растот нема да се остварат и економскиот раст ќе биде понизок од 4,1 процент. Според неговите изјави за две недели ќе се знаат новите проекции и новите очекувања на НБРМ за економскиот раст во оваа, а и за наредната година. Богов е дел од Првиот регионален форум на Источна Европаи Централна Азија за финансиска вклученост, кој во организација на НБРМ се одржува во Скопје и оттаму порача дека на економските агенти им е потребна извесност и стабилно окружување за работење, пишува Фактор.
Акдемици и експерти од економијата за економскиот раст предвидуваа:
И целосниот извештај на СТАНДАРД И ПУРС укажуваше дека Економијата бавно ќе напредува, долгот ќе расте!
Долгот на општата Влада ќе расте, а економскиот раст до година ќе се намали. Според новата оценка на кредитната агенција “Стандард и Пурс“, годинава ќе заврши со економски раст од 3,3% додека до година тој ќе се позиционира на 3,5%. Во однос на долговите, кредитна агенција предвидува раст, така за годинава долгот на општата Влада ќе изнесува 42,1% додека до година ќе надмине 43,3%. Кредитната агенција го потврди кредитниот рејтинг на Македонија од ББ-/Б со стабилен изглед. Но во обемната оценка, “Сандард и Пурс“ ја анализираат не само економската туку и политичката состојба во земјва. “Оценките за Македонија го одразуваат нашиот поглед на релативно ниските приходи и нивото на богатство, со што очекуваме дека БДП по глава на жител ќе изнесува 4 300 долари во 2015 та година, слабата контрола и равнотежа помеѓу политичките институции и ограничената флексибилност на монетарната политика. Оценките се подржани од страна на умерениот, иако растечки, надворешен и јавен долг“.
Долговите ќе растат …
Отстапување од планираното ниво на фискален дефицит и натамошен раст на договите предвидува кредитната агенција во периодот што следува. “Општиот владин фискален дефицит беше ревидиран нагоре до 4% од БДП во однос на почетната цел на Владата, четврта година по ред во 2014 та година. Во 2013 та година дефицитот најмногу беше поттикнат поради отплата на доспеани а неплатени долгови, во 2014 та година пак високите предизборни трошоци и вложувања во инфраструктурата во голема мера беа причина за отстапувања. Цениме дека општиот владин дефицит ќе изнесува 3,6% од БДП во 2015 та година, а стеснување од 3% се очекува во 2018 та, што е посопоро во однос на она што го предвиде Владата. Разликата произлегува од нашите помали очекувања за реален раст на БДП како и неодмнешната владина историја за недостаток на фискланите цели“
Текстот во целост прочитај го тука.
