Министерството за финансии ќе побара ново задолжување од скоро 29 милиони евра
Објавено: 6 септември, 2016, во 07:43 часот
Според објавените проспекти на Министерството за финансии, Владата продава записи со рок на доспевање од 364 денови и записи со девизна и денарска клаузула со рок на враќање од 182 дена, во вкупна вредност од скоро 29 милиони евра.
Во среда по основ на доспеани обврски, владата на кредиторите ќе им врати 29 милиони евра, колку што планира и да позајми.
