Откажано денешното задолжување на Министерството за финансии

Објавено: 13 септември, 2016, во 07:49 часот

Министерството за финансии нема да ја одржи аукцијата на државни записи, предвидена за денеска согласно календарот објавен на веб-страната на институцијата.

Од Министерството велат дека аукцијата е откажана во насока на сведување на домашното нето задолжување по основ на државни хартии од вредност кон нула, со што ќе се остават повеќе ликвидни средства во стопанството за кредитирање на бизнисот.

Ова е седма аукција која Министерството ја имаше предвидено, а не ја одржа. Во септември доспеваат за враќање осум аукции, а согласно календарот предвидени се две нови аукции.

Извор: МИА

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.