УЈП одржува еднодневни советувања во општините за оданочени приходи и даночни поволности

Објавено: 25 октомври, 2016, во 12:17 часот

Управата за јавни приходи стартуваше со обуки за граѓаните кои издаваат движен и недвижен имот.

Во 36 општини во текот на еден месец УЈП ќе одржува еднодневно советување на кое посетителите ќе имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи и даночните поволности.

Обуките се бесплатни, а доколку сакате да се пријавите за нив треба да се регистрирате два дена порано.

Темата на која ќе се одржуваат обуките е „Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот“.

Извор: Фактор

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.