Доларот му се заканува на еврото – што може да се случи за еден месец ?
Иако е се појасно дека доларот по вредноста ќе се изедначи со еврото, на тоа ниво не би требало долго да се задржи поради потценетоста на еврото во тој случај, Фактор пренесува анализи.
Според податоците на Блумберг, трговците со валути моментално сметаат дека постојат 45 отсто шанси курсот на доларот спрема еврото да се спушти на еден долар до крајот на следната година.
Со други зборови, шансите за парите моментално се двојно поголеми отколку пред изборот за американскиот претседател.
Имено, пазарот сега смета на ветувањето на новиот претседател Трамп дека ќе се намалат даноците и ќе се зајакне потрошувачката/ То би требало да го засили економскиот раст, а тоа на крај би довело до брзо подигање на каматните стапки на централмата банка (ФЕД)
Аналитичар во Дојче банка, четвртиот најголем трговец со валути на светот, предвидува дека курсот ќе падне на 1,05 долари до крајот на оваа година, а до крајот на следната година ќе падне на 95 центи.
Со тоа еврото би било најслабо спрема доларот од 2002 година. Јоспи Кокановиќ, аналитичар од Адмирал Маркетс вели дека последните дена сценариото на изедначување на доларот и еврото повторно стана многу веројатно.
Извор: Фактор