Фактор: Испарија 177,6 милиони евра од државните девизни резерви во ноември!
Преполовена е вредноста на ставката валути и депозити која за еден месец е намалена за над 160 милиони евра. Тоа значи дека или се намалила вредноста на странски конвертибилни валути што ги чува централната банка или пак се вадени пари од депозитите. Доколку е така што е платено со нив?, пишува Фактор.
Нивото на државни девизни резерви во ноември годинава изнесува 2,551.4 милијарди евра и во споредба со октомври годинава кога изнесувале 2,729 милијарди евра се пониски за 177,6 милиони евра, покажува официјалната статистика на Народната банка објавена на 7 декември годинава, а податоците се превземени од следниов линк http://www.nbrm.mk/?ItemID=1C32F71009D0F647AACB5135C98F62C6
Паѓаат девизните резерви по сите основи!
Генератор на намалувањето на девизните резерви е преполовувањето на ставката на валути и депозити што ги чува Народната банка на Македонија. Тоа може да значи следново: или паднала вредноста на некоја од конвертибилните валути кои ги поседува државата или пак дека се повлечени пари од депозитините сметки и со нив е плаќано. Речиси е сигурно дека првата варијанта треба да се исклучи затоа што ниту една од светските конвертабилни валути: долар, евро и швајцарски франак за еден месец не доживеал драстичен пад. Дури кај американскиот долар имаше раст на вредноста која е поврзана со расположението на инвеститорите со исходот на претседателските избори во таа земја. Втората можност е многу поизгледна, а тоа е дека нешто стигнало за наплата и е платено од депозитната база.
Ситуацијата е следна: на крај на ноември вредноста на ставката валути и депозити во НБРМ е 150,5 милиони евра. Само еден месец порано вредноста на таа ставка била 312,1 милиони евра. Тоа значи за еден месец 161,6 милиони евра помалку!
Дополнително врз падот на вредноста на влијае и вредноста на монетарното злато кое за еден месец изгубило 9,7 милиони евра од вредноста и на крајот на ноември вреди 248,3 милиони евра. Вредноста на странските хартии од вредност во кои се чуваат македонските девизни резерви на крај на ноември изнесувала 2,147.7 милијарди евра и се пониски од октомври за 6,4 милиони евра.
Текстот на Фактор, во целост, прочитај го ТУКА