Светска банка ја намали прогнозата за раст на македонската економија
Објавено: 11 јануари, 2017, во 10:31 часот
Македонската економија годинава ќе расте со 3, 3 отсто во 2018 ќе забележи раст од 3,7 отсто и во 2019 година со 4 отсто, предвидува Светска банка во јануарскиот извештај за перспективите на глобалната економија.
Овие прогнози на Светска банка за македонската економија се пониски од јунската прогноза лани кога предвидуваше раст од 4 отсто за македонската економија за годинава и за 2018 година.
Според последната прогноза на Светска банка македонската економија 2016 година ќе ја заврши со раст од 2 отсто што е пониска проекција во однос на јунската кога планираше раст на македонската економија од 3,7 отсто.

