Нова листа на должници на УЈП
Објавено: 13 јануари, 2017, во 16:17 часот
Управата за јавни приходи вчера ја објави најновата листа на должници на својата веб-страница во согласност на даночниот обврзник.
Листата на должници се однесува на долгови достасани до 30.9.2016 и неплатени до 31.12.2016 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На најновата листа се наоѓаат повеќе од 4.500 правни, физички лица и јавни претпријатија. Како должници се јавуваат ЈП „Македонска радио-телевизија“, „Македонијапат“, АД „11 Октомври – Еурокомпозит“ – Прилеп, АД „Отекс“ Охрид и други.

