По падот за 15 отсто се зголеми цената на нафтата
Објавено на 9 април, 2017 во 23:51
Во март цените на нафтата почнаа да паѓаат, а од 24 март тие се зголемуваат.
По стагнација од повеќе месеци, и благи осцилации во февруари, светските берзи бележеа нагли падови.
Цената на нафтата беше околу 56 долари за барел на британскиот пазар.
За 20 дена цената падна на 50 долари, а на 24 март вредноста на „црното злато“ престана да паѓа.
На седми април беше околу 55 долари за барел или 52 долари ако се земе в предвид американскиот пазар.