ЕУ обезбедува дополнителни 110 милиони евра хуманитарна помош за поддршка на Украинците

Објавено на 14 ноември, 2023 во 13:51

Европската унија обезбеди дополнителни 110 милиони евра хуманитарна помош за поддршка на Украинците погодени од војната, од кои 100 милиони евра ќе одат за Украина, а 10 милиони за поддршка на бегалците во Молдавија.

Европската комисија (ЕК) во соопштението наведе дека хуманитарната ситуација во Украина и понатаму е тешка и дека почетокот на зимата претставува „дополнителни предизвици за и онака ранливите заедници погодени од војната“.

Со новата помош ќе се обезбеди обезбедување на основни услуги како парична помош, храна, вода, засолниште, здравствена заштита, психосоцијална поддршка и заштита“, се наведува во соопштението.

ЕУ испрати вкупно 843 милиони евра како одговор на руската војна во Украина. Тоа вклучува 785 милиони за Украина и 58 милиони за бегалците кои избегаа во соседна Молдавија.

Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, сите 27 земји на ЕУ, плус Норвешка, Турција, Северна Македонија, Исланд и Србија, понудија помош во натура, од медицински материјали и засолништа до возила и енергетска опрема. Досега преку Механизмот во Украина се испорачани 97.000 тони помош, пренесува „Танјуг“.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.