ЕК ќе ја анализира слободата и независноста на медиумите во ЕУ!

Објавено на 22 март, 2013 во 08:28

За да се обезбеди повеќе слобода и независност на медиумите во Европската унија, денеска, Европската комисија почнува со анализи за мерките што би требало да се преземат. Анализата ќе трае до 7 јуни, годинава.

ЕК ќе побара одговори за улогата и независноста на медиските регулатори како и за обезбедување на заштита на извори на информации на европските новинари.

Анализата треба да ја преиспита правната уредба односно работата на печатените медиуми во ЕУ додека за електронските медиуми задолжено е општото законодавство.

Еврокомесарот Нели Крус во чиј ресор се медиумите се очекува да ја коментира темата во која се наведуваат проблемите со слободата на медиумите во Унгарија како и анализите посветени на концентрација и недостиг од трансперентоност на сопственоста на медиумскиот пазар во Бугарија.

Еврокомесарот Крус денеска од Даблин ќе побара од новинарите кои не се чувствуваат слободни да и пишат на ЕК бидејќи само така ќе може нешто да се промени. Тој соопшти дека е со намера да преземе решителни чекори пред крајот на мандатот, до летото 2014 година. /Е.Н.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.