Додека администрацијата штрајкува – ЕУ ќе го одбележи денот на Европа!

Објавено на 8 мај, 2013 во 14:36

Европската унија утре свечено ќе го одбележи Денот на Европа. Челниците и комесарите на Унијата ќе прославуваат но, администрацијата од институциите на ЕУ на улица ќе протестира против воведувањето на новиот правилник за плати.

Протести имаше и денеска. Надвор, пред зградата на Европскиот совет протестираа службениците во европските институции а внатре КОРЕПЕР групата, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ, ја носеа одлуката со која на ирското претседателство со Унијата ќе му се даде задача низ преговори со Синдикатот да се усогласи новиот правилник за вреднување на вработените во институциите на ЕУ.

– „Нашиот предлог е зголемување на работните часови на 40 часа неделно, додека земјите-членки предлагаат 60-процентно кратење на платите во администрацијата во наредните 15 години. Во секој случај, штрајкот не е против предлогот на Европската комисија, туку против предлогот на земјите-членки,“ истакна Антон Гравили, портпарол на Директоратот за внатреинституциски односи и администрација.

Според Гравили, ако денес КОРЕПЕР го довери мандатот на ирското претседателство со ЕУ и преговорите почнат во понеделник, тогаш има големи шанси да се постигне договор пред летните одмори, но ако тоа не се случи, тогаш до септември ќе опстои ваквата ситуација.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.