Кризата го руши наталитетот во Европа!
Економската кризата се наведува како главна причина за трендот на намалување на наталитетот во Европа. Во периодот помеѓу 2008 и 2011 година, вкупниот број на живородени деца се намали за 3,5%, односно од 5,6 милиони во 2008 година на 5,4 милиони во 2011 година, во 31 анализирана земја. Еуростат анализира повеќе сценарија, но и статистичките податоци се разгледуваат од повеќе аспекти.
„Во анализираните 31 европски земји, економската криза почнува да се шири во 2009 година, а паралено на тоа се намалува плодноста, и ова стана заедничка карактеристика во европа со временско задоцнување. На врвот на кризата во 2009 година имаше стагнација на ферилитетот во неколку земји. Во 2008 година, немало надолна во стапка во споредба со претходната година, но од 2011 година, ферилитетот се намали во 24 земји“, се вели во извештајот на Еуростат.
Стапка на наталитет се анализира од аспект, работниот статус, нивото на образование имигрантски статус, при тоа се потенцира дека економската криза може да има влијание врз водредени групи на население.
Еуростат анализира и дека економската криза може да ги натера идните родители да го одложатраѓањето на деца, особено ако тие се бездетни. Понатаму е констатирано и дека економската криза може да има различно влијание кај вработени и невработени жени, но сепак тоа дополнително зависи од земјата.