Слободни работни места во земјите на ЕУ

Објавено: 29 јули, 2014, во 05:48 часот

Хрватските весници објавија список на најбараните занимања во Европската унија, но и во земјите во Европа што не се членки на сојузот, Норвешка и Швајцарија.

Се бараат најразлични занимања, но најплатени се оние што нудат работа за квалификувана работна сила, хирурзи. Вечерњи лист го пренесува сведочењето на хрватски доктор, кој до пред половина година живеел и работел во матичната земја, но сега работи во Шведска.

Во земјите на Европската унија многу се бараат информатичари, оние кои се оспособени за имплементација на т.н. cloud сервиси, инженери и медицинари. Во Австрија се бараат медицински сестри, во Италија се бараат возачи и електричари, во Белгија физиотерапевти, градежници, кувари, во Данска лекари, книговодители, електроинженери, психолози, во Финска фармацевти, стоматолози, во Франција инженери за електроника и програмери, во Ирскарадиолози, хемиски инженери, Германија бара медицински сестри од областа на геријатријата, Грција книговодители. Во Естонија се бараат лекари во Норвешкасе бара и медицински персонал, градежни, машински и електроинженери, се до кувари. За речиси истите занимања слободни места има и во Шведска. ВоШвајцарија намногу се потребни лекари.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.