ЕУ ќе ги помага земјоделците погодени од русото ембарго
Објавено на 18 август, 2014 во 13:45
ЕУ ќе обезбеди 170 милиони долари за помош на земјоделците кои се погодени од руската забрана на увоз на зеленчук и овошје од Унијата.
Русија на почетокот на месецот го забрани увозот на зеленчук и овошје и други видови на храна од ЕУ и западните земји.
Ембаргото е со цел да се одговори на санкциите од ЕУ и западните земји поради улогата на Русија во кризата во источна Украина.
Во минатото земјите членки на ЕУ извезуваа годишно овошје и зеленчук вредно стотици милиони долари.