Самит Германија – ЕУ – Западен Балкан во Берлин
На иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин се одржува самит Германија-ЕУ-Западен Балкан, чија цел е реафирмирање на поддршката на европските перспективи на земјите од регионот,јави Радио Слободна Европа.
На самитот ќе учествуваат високи официјални претставници од Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Словенија,Хрватска, Германија и ЕУ.
Во име на Европската Комисија на конференцијата во Берлин ќе учествуваат нејзиниот претседател Жозе Мануел Баросо и комесарите за енергетика и проширување Гинтер Етингер и Штефан Филе.
Самитот почнува претпладне со „Економска конференција за Западен Балкан“, а попладне, зад затворени врати во блокот за надворешната политика ќе има консултации за регионалната соработка, ЕУ и отворените прашања, на кои ќе учествува и шефот на дипломатијата Попоски.
Во исто време попладне германската Влада канцеларката Меркел ќе ја има главната пленарна седница со премиерите на земјите од регионот вклучувајќи ги Словенија и Хрватска, на која ќе учествува и премиерот Груевски. И овие разговори се затворени за јавноста, но според германски медиуми, ќе биде дискутирано за политички теми односно ситуацијата и проблемите во регионот.
По собирот најавена е прес-конференција на Меркел со Баросо и албанскиот премиер Еди Рама, како актуелен претседавач со Процесот за соработка во ЈИЕ.