На референдумот Шкотска изгласа „не“ за независноста
Објавено на 19 септември, 2014 во 07:34
Според официјалните резултати од пребројаните гласови во скоро сите 32 округа, противниците на независноста освоиле 55,48 насто, а оние што биле за незвисност 44,58 проценти од гласовите, јави Радио Слободна Европа.
Тоа е за над милион и деветстотини гласови за страната која е за останување на Шкотска во Обединетото кралство.
Првичните резултати од референдумот веднаш предизвикаа раст на британската фунта на азиските пазари а валутата се засили и во однос на еврото.
Сличен исход од гласањето предвидоа и анкетите на јавното мислење веднаш пред почетокот на референдумот.