ЕУ започна масовна операција против илегалната имиграција
Објавено на 13 октомври, 2014 во 16:06
Во Европската унија денеска почна масовна операција на границите на ЕУ против илегалната имиграција, соопштија белгиските медиумите.
До 26 октомври на државите од шенген зоната ќе и биде проверена подготвеноста за справување со локалните криминални групи, кои им помагаат на странците илегално да влегуваат во Европа.
Се очекува така да се добијат дополнителни информации за илегалните канали. Една од целите на кампањата е подобрување на меѓународната соработка во размена на податоци за илегалните имигранти и организраторите.
Како што јави МИА, Министрите за внатрешни работи на ЕУ минатата недела одлучија операцијата „Тритон“ за безбедност на европските граници да почне во Луксембург.