Еврозоната бара решение за помош за Грција
Еврозоната ќе бара начин како да продолжи со планот за помош на Грција чиј рок за европско финансирање изминува до крајот на годината. Министрите за финансии на 18-те држави од еврозоната синоќа се собраа во Луксембург на средба на која ќе се бара решение. Кон нив денеска ќе се приклучат и министрите за финансии од останатите членки на ЕУ, јави Радио Слободна Европа.
„Постои силен консензус да се работи за сите за излез од планот за помош, изјави Јерун Дејселблум, шеф на Еврогрупата.
Еврозоната треба да додели уште 1,8 милијарди евра на Атина пред да измине рокот за планот. ММФ има финансиски ангажирања во Грција до 2016 година. Атина сака тој рок да се намали.
По шест години рецесија во Грција, не се исклучува Атина да побара превентивна кредитна линија од Европејците.