Објавени петте држави на ЕУ со најголем број жртви на трговија со луѓе
Објавено на 17 октомври, 2014 во 15:08
Најмногу жртви на трговијата со луѓе за периодот 2010-2012 година, се откриени во Бугарија, Холандија, Полска, Унгарија и Романија , покажува извештајот на Европската комисија.
Во податоците што денеска се објавени пишува дека 65 отсто од жртвите на оваа криминална појава произлегуваат од ЕУ.
Жените се најчесто жртви на трговијата со луѓе додека шверцери, дури 70 отсто, се мажи. Извештајот покажува дека најчесто жртвите се привлекувани со ветувања за добро платена работа, а неретко и преку интернет.
Извештајот е објавен ден пред одбележувањето на 18 октомври, Европскиот ден на борба против трговија со луѓе.