Студирањето во Финска е бесплатно за сите
Финскиот образовен систем се смета за еден од најдобрите во светот. Финските универзитети нудат приближно 450 меѓународни програми на англиски јазик. Ова е една од малкуте останати земји во светот каде што школарината за студирање е бесплатна. Ова важи и за странските студенти.
Високото образование во Финска е поддржано од страна на финската влада. Моментално, ниту еден универзитет во Финска не наплаќа за студии, без разлика на нивото на студиите или националноста на студентот. Меѓутоа, трошоците за живот и останатите трошоци за студирање се на одговорност на студентот.
Доколку сте студент на додипломски или докторски студии во Финска Вие нема да плаќате школарина. Повеќето магистерски програми се бесплатни, исто така, но има мал дел од нив кои бараат школарина за студенти од некои земји. Меѓутоа, ова е дел од пробен период кој трае веќе четвртта година. Од август 2015, ниту една магистерска програма нема да вклучува школарина.
ОВДЕ ќе ги пронајдете сите фински универзитети кои нудат меѓународна програма на англиски јазик за странските студенти.
Заинтересираните ќе бидат среќни откако ќе дознаат дека финската влада доделува и стипендии. Се доделуваат и други стипендии за студирање на додипломски студии на универзитетот кои траат од 3 до 12 месеци и се со вредност од 1.500 евра месечно. Секако, може да се пријавите и за програмата за стипендирање на „Еразмус Мундус“ во Финска.
На еден просечен студент во Финска му се потребни 500-800 евра за да ги покрие основните трошоци, како храна, сместување и превоз. Учеството во студентска унија чини околу 100 евра.
Текст и фотографија: Факултети.мк