Денеска се гласа новата Европска комисија
Објавено: 22 октомври, 2014, во 16:09 часот
Денеска во Стразбур, Европскиот парламент се изјаснува за избор на новата Европска комисија на Жан-Клод Јункер.
Вчера беа одобрени последните промени во предложениот состав на Еврокомисијата со прифаќањето на предлогот, Словенката Виолета Булц да го преземе ресорот транспорт, а Словакот Марош Шефович да биде еврокомесар за енергетика и потпретседател на Комисијата.
Гласањето се очекува да биде чиста формалност, бидејќи новата Комисија е поддржана од широка коалиција составена од Европската народна партија, групата на Социјалистите и демократите и од либералите.
