Поевтинија бензините и мазутот
Објавено на 4 ноември, 2014 во 08:54
Бензите од полноќ поевтинија за еден денар, а дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 73,00 денари, а на Еуросупер БС-98 е 75,00 денари за литар.
Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се продаваат за 62,50 односно 51 денар за литар.
За 1,058 денари поевтини и мазутот М-1 и еден литар чини 34,835 денари.