Ден на жалост во Пробиштип и Злетово
Во општина Пробиштип денеска е ден на жалост по тројното убиство во Злетово.
Во угостителските објекти ќе се пушта сериозна музика, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје и сите настани од јавен каратер ќе бидат одложени.
По тројното убиство, што го изврши војникот Драган Манаилов, јавноста дозна дека тој пред една недела бил осуден на казна затвор од четири години поради тешките телесни повреди, кои ги нанел на своите најблиски. Имал две кривични пријави за телесни повреди над неговата сопруга и нејзината мајка. Но, за АРМ, каде работел, Маноилов бил примерен војник. Портпаролот Мирче Ѓоргевски изјави дека не биле информирани за пресудата.
Поригорозни мерки и контроли при доделување на дозволите за добивање на оружје, побара јавноста ново тројно убиство, второ во две недели.
Женските невалдини организации пресметаа дека ова е петто убиство годинава како последица на односот партнер – партнерка.