Во недела голем собир на ВМРО ДПМНЕ во салата Борис Трајковски
Објавено на 13 март, 2015 во 07:52
Повеќе личности од владеачката партија, меѓу кои и премиерот Никола Груевски на собирот ќе испратат пораки поврзани со актуелната политичка ситуација во земјава.
Од партијата велат дека организирањето на овој собир е резултат на иницијативите на неколку општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, а поводот е актуелните политички настани во земјава и потребата од одговор.
Планирано е вакви собири да се одржат во повеќе градови во земјава на кои ќе се „одговори со аргументи и со конкретни поенти. Граѓаните очекуваат одговор на своите реални потреби, барања и прашања“, велат во партијата.
Собирот ќе се одржи во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, а влезот ќе биде бесплатен за сите граѓани.
Извор: МКД