Времето денеска!
Објавено на 26 март, 2015 во 07:26
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален повремен дожд. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта кога се очекува врнежите да се прошират насекаде.
Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи особено во јужните делови. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 17 степени.