Заев има рок до пладне да се јави во струмичкиот суд

Објавено: 6 јули, 2015, во 09:47 часот

Судот во Струмица му даде рок до пладне на лидерот на СДСМ Зоран Заев да се јави кај надлежниот судија, а ако тоа не се случи тогаш ќе биде испратено известување до Основниот суд Скопје 1, кој потоа ќе треба да одреди нова мерка за обезбедување, пишува Инфо.

– Обвинетиот Заев треба да се јави д 9.30 часот, но судијата во предходна постапка прави толеранција до пладне, има предвид ако обвинетиот негде патувал или имал некакви објективни причини за доцнење. Ако не се јави до тогаш, ќе се испрати писмено известување до Основниот суд Скопје 1. Како ќе се постапи понатаму зависи од судот што ја одредил мерката – вели судијката Цона Каламерникова, задолжена за комуникација со медиумите во струмичкиот суд.

Писменото известување се пушта по пошта, па не може да се каже кога точно ќе стигне до Скопје. Од скопскиот основен суд објаснуваат дека додека не го добијат известувањето не може да кажат како ќе постапат.

Заев на прескоференција рече дека веќе нема да се јавува во судот, ниту да доаѓа на закажаните рочишта, бидејќи не го признава правосудството како независна власт, бидејќи е под тотална контрола на Никола Груевски и неговата фамилија.

Мерката за обезбедување е за случајот „Пуч“ во кој Заев е обвинет за насилство врз претставници од највисоката државна власт. На Заев му беше одземен пасошот и имаше наредба еднаш во неделата да се јавува во струмичкиот суд, со што ќе покаже дека е достапен за органите на прогонот. Потоа пасошот му беше вратен, за да може да оди на преговорите за надминување на политичката криза во Брисел, но втората мерка остана на сила.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.