Могерини: Европските порти мора да се отворат за мигрантите

Објавено: 31 август, 2015, во 13:54 часот

Стариот континент е соочен со најголемата бегалска криза од крајот на Втората светска војна, оцени денеска европската комесарка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини. Таа порача дека европските порти не може да останат затворени за беглаците, оти, ако се случи тоа „не сме повеќе Европа“, пренесе Телма.

Претходно, официјален Париз, даде силна критика за оградата која ја изгради Унгарија на границата со Србија нарекувајќи ја ограда каква што Франција не би изградила ниту за животни.

Додека Германија ги отвора вратите за да овозможи поедноставно пристигнување на бегалците, а Франција ја критикува Унгарија поради оградата на границата, холандската Влада оди во сосема друг правец

Холандија планира наскоро да воведе нови правила, согласно кои на барателите на азил ќе им се одбие пристап до храна и сместување после само неколку недели. Од ноември, секој мигрант кој нема да добие бегалски статус, ќе биде депортиран за помалку од еден месец.

Текстот во целост прочитај го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.