Маж со секира ја уби сопругата во гостиварско
Објавено: 20 октомври, 2015, во 09:26 часот
Доцна синоќа 49 годишен маж од с.Врапчиште, Гостиварско и нанел удар на својата сопруга во врат со што ја оставил на место.
Немилиот настан се одиграл во спалната соба во нивната семејна куќа во Врапчиште.
Според информациите на Јавно обвинителство сторителот и жртвата подолго време биле во лоши брачни односи, од која заедница имаат две полнолетни деца.
Веднаш после трагедијата осомничениот самиот се пријавил во полициска станица Гостивар.
Jавен обвинител и крим техника го истражиле местото и е направен увид при што е издадена наредба за вршење обдукција.
Се очекуваат повеќе детали по расветлување на истрагата .
