Македонија утрово со минусни температури
Објавено: 3 ноември, 2015, во 08:59 часот
Најниска температура утрово е измерена во Берово минус шест. Температури под нулата се измерени и во Тетово и Битола минус два, и во Крива Паланка, Демир Капија и Струмица минус еден.
Во Маврово, Прилеп, Скопје, Штип, Дебар и Куманово нула, во Кавадарци еден степен, два во Лазарополе, Охрид, Претор и Виница, 4 во Гевгелија и 6 степени во Дојран и Крушево.
