Состојба на патишта
Објавено: 14 декември, 2015, во 09:17 часот
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Од 15 Ноември започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15 Март следната година. Споредновиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места.
Според информацијата добиена од Бојта ИНГ Скопје, во тек се работи на пат: реконструкција на вертикална и хоризонтална сигнализација, поставување на сообраќајна опрема – насочници и еластична ограда и тоа на: Регионален пат Р1305, делница Другово – Битола, регионален пат Р1109, делница Гевгелија – Фурка, регионален пат Р1107 Дреново – Градско, регионален пат Росоман – Кавадарци и регионален пат Р2131, делница Драчево – Таор. Работите се предвидени да траат до 31.12.2015 година. Препорачуваме внимателно пристапување кон местата каде се изведуваат работите на пат.
Од 18.11.2015 година извршена е времена измена на режимот за сообраќај на автопатот А1/Е-75 (Велес – Скопје), на излез од тунелот Катланово затворена е за сообраќај десната лента, а сообраќајот се одвива по левата лента.
Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце во периодот од 29.10.2015 до 28.03.2016 на магистрален пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно Одобрението за времен режим на сообраќај бр. 24.3-60091/1 од 28.09.2015 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија. Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.
Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе -Штип известува дека ги изведува градежните работи за градба на Магистралниот пат А4,делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до км47+107,00. Со почеток 21.05.2015 (четврток) од 9 часот ,се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) за сообраќај на Делницата на потег км 28+520(Свети Николе) до км 38+500(постојана клучка Кадрифаково) со пренасочување на целокупниот сообраќај преку Регионален пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .
Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
