Холандија воведува кирија за затвореници?!
Објавено на 14 јануари, 2014 во 12:23
Според нацрт закон, затворениците во Холандија, можеби наскоро ке треба да плаќаат за смештајот во затворските келии.
– Заменик министерот за правда Фред Тевен смета дека осуден затвореник делумно треба да плати смештај во келија. Според неговото мислење чесно би било сите затворски трошоци да не мора да ги сносат државата и заедницата, изјавил портпаролот на министерството за правда, Вибе Алкема.
Тој истакнал дека дневните трошоци на Холандија по затвореник изнесуваат 250 евра. Доколку нацрт законот биде усвоен во двата дома на парламентот тогаш осудените затвореници ќе мораат дневно да плаќаат кирија од 16 евра, најдолго за 2 години.