ЕК со нови насоки за медиумските слободи за идните членки

Објавено: 19 ноември, 2013, во 18:55 часот

Европската комисија подготви нацрт насоки за нејзиниот долгорочен ангажман во помагање на земјите опфатени со процесот на проширување на Европската унија во достигнувањето задоволително ниво на медиумски слободи, јави Радио Слободна Европа.

Комисијата си постави задача во периодот од 2014 до 2020 година да развие долгорочен пристап за финанска помош насочена кон слоботата на медиумите.

Насоките би требало да бидат усвоени до почетокот на идната година и ќе бидат дел од предпристапната стратегија на Европската унија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.