Нема барање за враќање на визите за Балканот
Објавено на 8 јануари, 2014 во 16:52
Ниту една членка на ЕУ досега не побарала укинување на визното олеснување за земјите од Западен Балкан, изјави Микеле Черконе, портпарол на еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малмстром,јави Радио Слободна Европа.
Механизмот, кој предвидува времено укинување на безвизниот режим за земјите од кои пристигнуваат лажни азиланти, стапува во сила од утре.
Черконе додаде дека некои земји, меѓу кои и Германија, неколку години изразуваат загриженост поради злоупотреба на правата за азил од страна на граѓаните на Србија, Македонија и БиХ, но формална процедура за повторно воведување на визи не е покрената.