И Осло со кандидатура за домакин на ЗОИ 2022
Објавено на 14 ноември, 2013 во 08:23
Норвешкиот главен град Осло е шестиот град кој се кандидира за домаќин на Зимските Олимписки игри во 2022 година. Градските власти соопштија дека за тоа би биле потрошени само 5,3 милијарди долари.
Русија досега потроши околу 51 милијарда долари за олимпијадата во Сочи што ќе се одржи в година.
Другите градови кои се кандидати за домаќини на зимските игри по 9 години, се Стокхолм, Пекинг, Алмати, Краков и Л`вов, додека жителите на Минхен на референдум одбија кандидатура на градот.
Денеска завршува рокот за пријавување намера за организирање на олимписките игри во 2022 година.