Предвремените парламентарни избори ќе се одолговлекуваат до последен момент
Сабота најверојатно собранискиот спикер Трајко Велјаноски ќе ги распише претседателските избори,јави 24 Вести.
Првиот круг од изборите за нов шеф на државата како што веќе објави 24 Вести ќе бидат на 13-ти април, вториот круг на 27- април. Според извори во ВМРО-ДПМНЕ и во ДУИ, в сабота ќе бидат распишани само претседателските избори, додека доколку има предвремени парламентарни избори, тие ќе бидат распишани дополнително.
Високи партиски функционери од ВМРО- ДПМНЕ и од ДУИ брифираат дека се уште нема договор меѓу Груевски и Ахмети за предвремени парламентарни избори.
Сепак истите функционери тврдат дека се оди во насока Македонија во април да трча двојни избори, иако велат договорот Груевски и Ахмети ќе го одовлекуваат до последниот момент- кој ќе побара а кој ќе поддржи предвремени избори.
Една од опциите според ДУИ да се најде рачка за предвремени избори и можело да биде доколку нема договор со ВМРО-ДПМНЕ за консензуален кандидат.
Партсики извор од ДУИ вели дека во игра е опцијата евентуланите предвремени парламентарни избори да се одржат во вториот круг претседателски, поради цензусот.
Од Мала Речица велат дека се уште нема ниту одлука дали Ахмети за кандидатот за претседателски избори, велат се уште има време за тоа. Од извори на ВМРО-ДПМНЕ пак децидни до последен момент ќе се тактизира за нивниот кандидат.
Велат, сериозно во игра е актуелниот претседател Ѓорге Иванов, но го споменуваат и министерот за финансии Зоран Ставрески.
24 Вести пред две недели објави дека Ахмети се премсилува и дека по децидниот став дека не е време за предвремени избори, се премислува.
Како аргументи зошто би било добро повторно да има вонредни избори од ДУИ го брифираа замрзнатиот евроинтегративен процес кој што поради грчкото претседавање со Унијата, изборите за Европарламентот, како и локалните избори во Грција, речиси е невозможно да се помести годинава. Од ВМРО-ДПМНЕ се повикаа на исто образложение.
И додека Груевски и Ахмети до последен момент тактизираат, од Белград завчера потпретседателот на Српската влада порача дека во Македонија ќе има предвремени избори во април.