Филипче: Ја примив вакцината Синофарм, втората доза после 3 недели
Министерот за здравство, Венко Филипче, ја прими првата доза од кинеската вакцина на „Синофарм“. Тој се вакцинираше во вакциналниот пунк во арената „Борис Трајковски“, согласно сите протоколи.
Како и сите граѓани што се вакцинираат, така и Филипче, 15 минути седеше во арената откако ја прими вакцината, поради евентуални не сакани дејства. Здравстените работници денеска му ја закажаа ревакцинацијата за 28ми мај.
Колегите на Филипче, министрите во владата, како и нивните заменици, добија термини за вакцинација. Со оглед на важноста на владата и нејзиното непречено функционирање во текот на пандемијата.
Филипче им порача на сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација или преку „Мој термин“, како безбеден начин за заштита од опасниот коронавирус.
Министерот соопшти дека досега 24 илјади граѓани се ревакцинирани со постоечките вакцини. Над 100 илјади граѓани примиле една доза од вакцните. Со набавката на новите количества на вакцини, тој очекува процесот непречено да се одвива и наредниот период.