Филипче: Матичните лекари ќе ги издаваат електронските сертификати со QR код
Објавено на 20 мај, 2021 во 13:20
Од следната недела матичните лекари ќе издаваат електронски QR код или „Грин-пас“ за патување кај секој поединец кој сака да помине граница, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
-Оваа апликација која ќе може да се данлодира на секој мобилен телефон, а матичните лекари ќе ја издаваат. Овој сертификат ќе може да се надградува со податоци, рече Филипче.
Овој сертификат за вакцинација ќе содржи податоци за примена вакцина, за антитела или за направен PCR-тест.