Филипче: Очекуваме мирно лето, но сепак сме резервирани
Објавено на 4 јуни, 2021 во 14:56
Никој во светото не може да предвиди дали ситуацијата, може да се случи некоја мутација и да се смени епидемиолошката, рече министерот за здравство, Венко Филипче.
– Нашата проценка со резерва, е дека следниот период од два месеца летни кои што се пред нас ќе биде мирна епидемиолошката ситуација. Сепак граѓаните треба да знаат дека мерките се дадени да се почитуваат, маската секогаш е тука, иако не е задолжително да се носи надвор. Но кога има групирање, не е лошо граѓаните да им е при рака и да ја стават. Сепак тоа е заштита за нивното здравје, рече Филипче.