Филипче: После неколку години го осовременивме календарот за имунизација, воведовме две нови вакцини
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/04/filipce-vakcini-1-1024x512.jpg)
Покрај актуелната имунизација против Ковид-19, Министерот за здравство Венко Филипче, преку својот фејсбук профил извести дека во последните неколку години во календарот за имунизација се воведени две нови вакцини.
-Во пресрет на Европската недела за имунизација, последните неколку години го осовременивме календарот за имунизација. Воведовме две нови вакцини – вакцина против рота вирус и пневмококна вакцина. Вакцините кои се набавуваат во нашата држава се од производители од земји членки на Европската Унија, одобрени од Светската Здравствена Организација и истите се употребуваат и во нивните држави. Високот опфат на имунизација кај населението создава колективен имунитет, спречува појава на заразни заболувања и го заштитува детето и возрасните, најблиските членови во семејството и пошироката заедница., напиша Филипче.
Во текот на овој процес, треба сите да бидеме активно вклучени со цел заштита на колективното здравје.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)