Филипче: Со ова темпо на вакцинација имаме можност за релативно брзо време да постигнеме добар колективен имунитет

Објавено на 6 мај, 2021 во 10:49

Системот за масовна имунизација функционира беспрекорно уште од вториот ден по започнувањето на оваа операција, пишува Министерот за здравство,  Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

-Само во текот на вчерашниот ден се аплицирани 9123 вакцини од кои 7963 прва доза а останатите ревакцина. Досега се вакцинирани 74.076 граѓани, а согласно последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Апелирам граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk и да се вакцинираат. Со ова темпо на вакцинација и капацитетите кои постојано ќе ги надградуваме имаме можност за релативно брзо време да постигнеме добар колективен имунитет, пишува Филипче.

Сподели: