Грција: Од 7 февруари се укинува задолжителниот ПЦР-тест за македонските државјани
Објавено на 4 февруари, 2022 во 15:10
Од понеделник, Грција ја укинува мерката воведена на 19 декември лани за задолжителен ПЦР/рапид-тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на С. Македонијa.
Министерот за здравство Танос Плеврис претпладнево рече дека за оние што имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.
„Од понеделник 7 февруари влезот во земјата за оние што имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест“, изјави Плеврис, јави дописничката на МИА од Атина.
Сите правила за патување во земјата детално ќе бидат објаснети во министерската одлука што ќе биде објавена во Службен весник.