Грозоморно убиство во Кочани, жена избодена до смрт
Само еден ден после вчерашната трагедија во Гевгелија се случи грозоморно убиство во Кочани. МВР информираше дека рано утрово во Кочани, по претходна меѓусебна расправија, средовечен маж физички нападнал 46-годишна жена, при што ја усмртил со нож.
Според првичните информации, мажот ѝ нанел околу 40 убоди, при што од здобиените повреди, жената починала на самото место.
-Денеска во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р.(59) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 06.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала, со остар предмет и нанел убодни рани на Т.М.(46) од Кочани, која починала на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Најверојатно причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно. Заканите биле неколкупати биле пријавувани во полицијата и во јавното обвинителство во Кочани од каде жената барала заштита.
Дума.мк