Гутереш: Светот не е подготвен за нова пандемија
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека светот се уште не е подготвен за евентуална нова пандемија.
–Треба да направиме повеќе. Мораме да се откажеме од моралната и медицинската катастрофа на богатите земји кои трупаат и контролираат залихи за здравствена заштита за пандемии и да обезбедиме секој да има пристап до дијагностика, лекување и вакцини, рече Гутереш осврнувајќи се на лекциите што светот ги научи од пандемијата на Ковид-19, по повод Меѓународниот ден на подготвеност за епидемии, 27 декември.
На иницијатива на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во Светската здравствена организација (СЗО) во тек се преговори за глобален договор за пандемија со цел подобрување на регулативата и подготовка за идни пандемии.
Договорот треба да биде усвоен на Светското здравствено собрание, закажано за 27 мај до 1 јуни 2024 година. Сепак, нацртот од 30 страници останува многу контроверзен.
Меѓу другото, сегашниот предлог регулира колку брзо се споделуваат информациите за новите патогени, кој произведува вакцини и лекови и каде и како се дистрибуираат.
Дума.мк