Изложба на дела создадени на Меѓународната ликовна колонија “Михајлово Кавадарци 2021“
Објавено на 15 септември, 2021 во 10:44
Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена изложба на дела создадени на Меѓународната ликовна колонија “Михајлово Кавадарци 2021“ на која учествуваа ликовни уметници од неколку држави.
Во музичкиот дел од настанот ќе настапи рок бендот “Лексикон“.
Изложбата ќе биде отворена во четврток, 16 септември, според сите предвидени протоколи за COVID – 19. Присутните потребно е да покажат Сертификат за примена вакцина или потврда за прележан COVID – 19 до 45 дена. Бројот на присутна публика е ограничен на 30 % од предвидениот простор.
Убавка Јаневска