ЈОРСМ: Политичарите да се воздржат од употреба на предметот за Онкологија во политички цели
Објавено на 10 ноември, 2023 во 15:10
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/11/javnoobvinitelstvo.jpg)
Јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да ѝ наштети на постапката, реагира Јавното обвинителство по изјавата на министерот за здравство Фатмит Меџити дека е крајно време Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Клиниката за онкологија.
Обвинителството по изјавата на министерот излезе со реакција во која посочува дека обвинителите работат темелно и одговорно, почитувајќи ги сите законски рокови.
Јавното обвинителство апелира политичарите да се воздржат од употреба на овој чувствителен предмет во политички цели, порачуваат од Обвинителството.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)