Кина ја одобри „Синофарм“ за деца постари од три години
Објавено на 11 јуни, 2021 во 12:50
Вакцината на кинеската компанија Синофарм против коронавирус, направена од Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба за деца на возраст од три до 17 години во Кина, соопштија официјалните лица.
Оваа информација на прес-конференција ја објави Шао Јиминг, истражувач во кинескиот центар за контрола и превенција на болести.
Кина досега користела вкупно 845,3 милиони вакцини, а вчера се дадени 20,4 милиони дози, покажуваат податоците на Националната здравствена комисија.