Во Скопје изгореа два авотмобили!
Два автомобила се запалени во понеделник наутро околу 3 часот во Скопје, соопштува МВР.
Едниот автомобил „Опел Корса“ бил опожарен на булеварот „Јане Сандански“ во населбата Аеродром. Возилото било во сопственост на педесет и петгодишната М.Д. Според досегашната истрага, возилото било полиено со запалива течност, а на паркингот биле оштетени уште два други автомобили кои биле во близина на запалениот автомобил.
Другиот автомобил „Ауди А4“ бил запален во исто време на булеварот „Октомвриска револуција“ во општина Карпош. Засега не се познати причините од што се запалило „аудито“. Пожарот, исто така, избувнал околу 3 часот а огнот за кусо време го зафатил автомобилот и го уништил.
Извршен е увид на лице место и полицијата истражува кој и како се запалиле автомобилите.
